• недела, 24 март 2024

Пожар во околината на Охрид, на терен десет пожарникари со четири возила

Пожар во околината на Охрид, на терен десет пожарникари со четири возила

Охрид, 26 февруари 2023 (МИА) - Пожар попладневно избувна во месноста Дебело поле во близина на охридската населба „Радојца Новичиќ“, северно од градот. Во пламен е трска и нискостеблести растенија.

На терен е интервенирано со четири возила и десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица  - Охрид. Пожарот е локализиран, противпожарните екипи дејствуваат по рабовите на пламенот за да се спречи негово ширење кон објекти во близината.

Според проценките, опожарена е површина од околу три илјади метри кадратни.

Причините за пожарот засега не се познати, но според пожарникарите најверојатно се работи за човечки фактор. аб/ев/

фото/МИА

Остани поврзан