• недела, 12 мај 2024

Пожар во куќа во кавадаречко Сопот 

Пожар во куќа во кавадаречко Сопот 

Кавадарци, 30 август 2023 (МИА) - Пожар избувнал вечерва во куќа во кавадаречкото село Сопот, била зафатена една соба од објектот, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. 

- Во тек е гаснењето на пожарот од страна на пожарникарите, кои заминаа на лице место, веднаш по дојавата за пожар. Засега не можеме да дадеме повеќе детали, рекоа од Противпожарната единица. свд/цр


Фото : МИА 

Остани поврзан