• сабота, 11 мај 2024

Пожарот „Смоукхаус Крик“ официјално е најголемиот во историјата на Тексас

Пожарот „Смоукхаус Крик“ официјално е најголемиот во историјата на Тексас

Остин, 29 февруари 2024 (МИА) - Пожарот „Смоукхаус Крик“ во Тексас и официјално стана најголемиот пожар во историјата на таа сојузна американска држава, откако се прошири на повеќе од еден милион хектари, соопшти денеска Тексашката служба за шуми.

Пожарникарите досега успеале да локализираат само три отсто од пожарот, јавува американската телевизија Ен-Би-Си.

Досега во пожарот загина едно лице, 83-годишна жена од градот Стинет, која била пронајдена мртва во својата куќа.

Голем број луѓе се евакуирани, а многумина останаа без напојување со електрична енергија.

Поради неповолните временски услови, локалните власти беа принудени привремено да  затворат фабрика за нуклеарно оружје, но таа беше повторно отворена денеска.

Претходниот најголем пожар во Тексас беше забележан во 2006 година и зафати повеќе од 900.000 хектари. Во тој пожар загинаа 13 лица. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан