• четврток, 04 декември 2025

Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче паднато во шахта

Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче паднато во шахта

Куманово, 20 ноември 2025 (МИА) - Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче кое паднало во шахта во двор на основно училиште, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица.

Случајот го пријавиле вработените од училиштето од Младо Нагоричане денеска во 10 часот.

- Во основното училиште во село Младо Нагоричане (маала Ѓорговци) по повик од вработени во училиштето за паднато куче во длабока шахта, ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари до 11:00 часот, информираа од ТППЕ Старо Нагоричане. ам/дма/


Фото: ТППЕ Старо Нагоричане

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан