• петок, 27 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поетско-ликовен настан во Охрид по повод Светскиот ден на литературата за деца

Поетско-ликовен настан во Охрид по повод Светскиот ден на литературата за деца

Охрид, 2 април 2025 (МИА) – Со интерактивен настан во кој се споени литературата и цртањето Националната установа библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денеска ќе го одбележи 2 Април – Светскиот ден на литературата за деца.

Во „Прличевата одаја“ на библитеката точно на пладне ќе се одржи промоција на две книги на поетесата Светлана Каланоска- Котевска -  стихозбирките за деца: „Убава е природата со жуборот на водата“ и „Да растеме заедно“.

Претходно во рамките на настанот ќе се одржи ликовна работилница. Ученици од петто одделение од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид ќе цртаат инспирирани од творештвото на поетесата Светлана Каланоска – Котевска.

Светскиот ден на литературата за деца за првпат бил прославен во 1967, а оттогаш секоја година во светот се промовира љубовта кон читањето кај децата и се нагласува важноста на книгите. Датумот го означува роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, прочуениот дански автор, познат по делата како „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“ и многу други. аб/мд/

фото: Плакат

 

Остани поврзан