• понеделник, 23 декември 2024

„Под Сена“ - нов хорор-филм за ајкула

„Под Сена“ - нов хорор-филм за ајкула

Париз, 7 јyни 2024 (МИА) - Нов хорор-филм за ајкула штотуку е објавен на „Нетфликс“ и се навестува како биде еден од изненадувачките хитови за претстојново лето.

Во режија на Гзавје Жан, „Под Сена“ (Sous la Seine) е филм на француски јазик што раскажува за Париз тероризиран од мутирана ајкула која навлегла од океанот во реката Сена. Во француската престолнина треба да почне меѓународен триатлон, па научничката Софија (Беренис Бежо) мора да го спречи грабливецот да ги искасапи најдобрите спортисти на светот.

Критичарите веќе го споредуваат „Под Сена“ со, според многумина - неприкосновениот хорор „Ајкула“ (оригинален наслов: „Jaws"), на режисерот Стивен Спилберг. Пишувајќи за „Варајети“ (Variety), Мајкл Нордин го опиша филмов како „паметен блокбастер што би бил најпријатен ако го гледаме на големото платно“, и којшто може да го достигне квалитетот на кинохитот од 80-тите.

- Постојат малку филмови што го заслужуваат описот „често имитирани, никогаш не реплицирани“, - таков е случајот со „Ајкула“, бидејќи од сите големи филмови за ајкули што следеа потоа, тие што му се доближија (на првиот од овој поджанр), може да ги избројам на една рака, на којашто ѝ недостигаат прсти. „Под Сена“ може да биде најдобар меѓу нив, што не е слаба пофалба каква што може да изгледа, заклучи Нордин.

Мет Донато, друг китичар, од „Дејли дед“ (Daily Dead), тврди дека новиот хорор „ја комбинира бирократската глупост на 'Ајкула' со темпото на „Длабоко сино море' (Deep Blue Sea), кaкo не најразумен пример за хорор за ајкули“, но вели оти е апсурдно забавно искуство.

Стјуарт Херитиџ, во својата рецензија за „Гардијан“, се согласува оти „Под Сена“ е „наголемо амбициозен, диво глупав, но и навистина застрашувачки спој“ на жанровите хорор, акција и катастрофа. Тој додава дека не недостигаат вообичаените брутални сцени и оти тоа е „приказна за човекот“ и „лекција за климатската криза“, како и „еден од најдобрите филмови со ајкули“ досега.  си/

Фото: ИМДБ, фотоисечок од филмот

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан