• петок, 05 декември 2025

Подтрибинскиот простор на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе се реконструира

Подтрибинскиот простор на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе се реконструира

Кочани, 3 декември 2025 (МИА) -  Фудбалската федерација на Македонија ќе биде инвеститор на проект за реконструкција на просторот под трибините на Градскиот стадион „Никола Мантов“,  додека Општина Кочани ќе обезбеди комплетна проектна документација. Планирано е со специјализирана машина да се изврши и обновување на подлогата на фудбалскиот терен.

Ова е резултат од средбата на градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Средбата е остварена на иницијатива на претседателот на Советот на Општината и селектор на женската фудбалска федерација на Македонија, Александар Андов.

- Со ова,  Омерагиќ и ФФМ ја потврдуваат силната поддршка за Кочани во врска со развојот на спортската инфраструктура во градот и општината, сметаат во Локалната самоуправа.

На средбата, градоначалникот Грозданов и претседателот Андов, на претседателот на ФФМ, Омерагиќ му врачиле подарок – дуксер од ГФК „Осогово“, новиот бренд кој го претставува спортскиот дух и традицијата на Кочани.

Според градоначалникот и претседателот на Советот, соработката со ФФМ претставува уште еден исчекор кон модернизација на спортските капацитети, а Општина Кочани и понатаму ќе продолжи посветено да работи за подобри услови, нови инвестиции и за развој на спортот како важен дел од заедницата. ис/мд/

фото: Општина Кочани

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан