• понеделник, 23 декември 2024

Подољак: Причината за упадот во Курск е недвосмислената руска агресија

Подољак: Причината за упадот во Курск е недвосмислената руска агресија

Киев, 8 август 2024 (МИА) - Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска изјави дека „главната причина за каква било ескалација“, вклучувајќи го и упадот на украинските сили во Курск, е „недвосмислената агресија“ на Русија против Украина.

-Војната е војна, со свои правила, каде што агресорот неминовно ги жнее соодветните исходи, рече Подољак.

Ова е првпат украински функционер јавно да зборува за упадот на украинските војници во руската област Курск, пишува Гардијан.

Во тек е евакуација на населението од областа Курск, а претседателот Владимир Путин најави државна помош од 105 евра за настраданите граѓани.

Украинските сили денеска потврдија дека во вчерашните операции војниците напредувале до 10 километри во внатрешноста на Курската област, пренесуваат украинските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан