• петок, 27 декември 2024

Подеста: И покрај ставот на Трамп, во САД ќе продолжат климатските акции за намалување на емисиите на јаглеродни гасови

Подеста: И покрај ставот на Трамп, во САД ќе продолжат климатските акции за намалување на емисиите на јаглеродни гасови

Вашингтон, 11 ноември 2024 (МИА) - Американскиот претставник за климата, Џон Подеста денеска ги повика владите да веруваат во ветувањето на САД дека ќе се бори против глобалното затоплување, велејќи дека Доналд Трамп може да го забави, но не и да го прекине преминот од фосилните горива кога ќе се врати на функцијата во јануари.

Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (КОП29) почна денеска во Азербејџан, во сенка на реизборот на Доналд Трамп, кој вети дека ќе ги поништи обврските на САД за намалување на емисиите на јаглеродни гасови.

Подеста на климатскиот самит се обиде да го убеди светот дека САД нема да се откажат од борбата против климатските промени.

„За оние од нас посветени на климатските активности, минатонеделниот исход во САД е очигледно горко разочарувачки. Но, она што сакам да ви го кажам денес е дека федералната влада на САД под Доналд Трамп може да ги стави климатските акции во втор план, но работата на сузбивање на климатските промени ќе продолжи во САД. Учествуваме во работата на КОП29 за да ја продолжиме соработката со нашите глобални партнери и другите стран“, рече Подеста на самитот, мислејќи на победата на Трамп на претседателските избори во САД.

Toj потоа ги наброја активностите што би можеле да ги преземат различни американски држави, како и „градовите, американските претприемачи, компаниите и американските граѓани“. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан