Поделени пакетчиња за сите основци во Општина Маврово и Ростуше
- Со цел да им ги разубави претстојните празници на најмладите, Општина Маврово и Ростуше, обезбеди новогодишни пакетчиња за сите ученици од општинските основни училишта. Насмевките, детската радост и празничниот џагор беа присутни во секое училиште, каде учениците ги примија подароците како знак на внимание и грижа од страна на локалната самоуправа.
Дебар, 30 декември 2025 (МИА) - Со цел да им ги разубави претстојните празници на најмладите, Општина Маврово и Ростуше, обезбеди новогодишни пакетчиња за сите ученици од општинските основни училишта.
Насмевките, детската радост и празничниот џагор беа присутни во секое училиште, каде учениците ги примија подароците како знак на внимание и грижа од страна на локалната самоуправа.
Повереникот за надлежности на градоначалник, Онер Јакупоски, доделувајќи им ги новогодишните пакетчиња, на учениците, им посака пред сè многу здравје и успех во нивното образование.
-Нема ништо поубаво од тоа да се види искрена детска насмевка. Овие пакетчиња се мал знак на внимание со кој сакаме да им порачаме на нашите ученици дека тие се најголемото богатство на нашата општина. Им посакувам среќни новогодишни празници, многу здравје во нивните семејства и уште поголеми успеси во училишните клупи во новата година. Општината секогаш ќе биде тука да ги поддржува во нивниот раст и развој, изјави Јакупоски.
Оваа активност е дел од традиционалните претпразнични заложби на Општина Маврово и Ростуше за создавање ведра атмосфера и поттикнување на празничниот дух кај најмладите генерации.
Во оваа општина функционираат четири основни училишта во кои настава следат над 400 ученици. вт/сст/
Фото: Општина Маврово и Ростуше