• среда, 08 мај 2024

Подарено пијано на кавадаречката градинка „Рада Поцева“

Подарено пијано на кавадаречката градинка „Рада Поцева“

Кавадарци, 22 март 2023 (МИА) - Германската фабрика „Дрекслмаер“ во Кавадарци,  подари пијано за дечињата од кавадаречката градинка „Рада Поцева“, информираа попладнево од компанијата. 

 - Пијаното е примарен музички инструмент во градинките, со чија помош преку соодветно осмислена музичко – едукативна програма од страна на стручниот кадар, дечињата ќе се релаксираат, но и ќе ги развиваат моторичките функции, соопштија од фабриката, посакувајќи им весели и безгрижни денови на најмладите. 

 Оттаму додадоа дека подарокот е поставен во клончето „Сонце“, но, ќе го користат и останатите објекти во рамки на градинката, не само за време на часовите по музичко образование, туку и за време на други посебни музички активности и приредби. свд/лв/

Остани поврзан