• сабота, 13 декември 2025

Повторно регистриран земјотрес во Србија во близина на Сјеница

Повторно регистриран земјотрес во Србија во близина на Сјеница

Белград, 7 септември 2025 (МИА) - Подрачјето на Сјеница (270 км југозападно од Белград) беше погодено од земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, што е втор најсилен земјотрес за само два дена во тоa подрачје. Земјотресот е регистриран во 13:39 часот на длабочина од 5 километри, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод na Србија.

Само пред два дена, земјотрес со јачина од 4,4 степени беше регистриран исто така во близина на Сјеница.

Околу дваесет минути по новиот земјотрес, следеше послаб земјотрес од 2 степени, а за помалку од час и половина, во истото подрачје беше регистриран трет земјотрес со јачина од 1,9 степени.

Потресот беше почувствувано во многу градови низ Србија, вклучувајќи ги Нови Пазар, Трстеник, Чачак, Краљево, Ужице, Крагуевац, Љиг, Јагодина, Алексинац, Аранѓеловац, Ниш, Панчево, па дури и во Белград. зш/

Остани поврзан