• понеделник, 18 ноември 2024

Повторно откажана традиционалната манифестација „Тодорови трки“ во Виница

Повторно откажана традиционалната манифестација „Тодорови трки“ во Виница
Виница, 19 март 2021 (МИА) – Општина Виница донесе одлука повторно да го откаже организирањето на традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Тодорови трки“, како превентивна мерка против коронавирусот. Откажувањето се прави втора година по ред, со оглед на повторното ширење на епидемијата од Ковид-19, при што во регионот како активни се регистрирани над 200 лица. - Исто како и лани, и оваа година ги следиме препораките за превентива од ширењето на коронавирусот, поради што е откажано одржувањето на јавни собири во кои спаѓа и манифестацијата „Тодорови трки“. Настанот нема да се одржи на 20 март, односно на верскиот празник Тодорова сабота, како што тоа вообичаено се случуваше во изминатите години. Со оглед на неговата масовност, присуството на голем број граѓани од сите возрасти, а главно деца и млади, целта е да ја избегнеме опасноста од ширење на заразата, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров. Манифестацијата „Тодорови трки“ за првпат се одржала во 1926 година, по што имаше подолг временски прекин, а локалната самоуправа на Виница, со поддршка од стопанскиот сектор во оштината, ја возобнови пред една деценија. Учесниците на трките се натпреваруваат во десетина спортски дисциплини, во повеќе возрасни категории.та/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан