• сабота, 27 јули 2024

Повторно земјотрес во Кашмир

Повторно земјотрес во Кашмир

Исламабад, 19 февруари 2024 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска северозападниот дел од Кашмир во Пакистан, соопшти германскиот центар за геолошки истражувања (ГФЗ).

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, соопштија од ГФЗ. Потресот бил почувствуван на 152 километри северно од Сринагар во индиски Кашмир. Засега нема информации за штети предизвикани од овој земјотрес.

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индискиот регион на Кашмир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 39 километри југозападно од Падам, на длабочина од 10 километри. јт/

Остани поврзан