• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Повик од Општина Аеродром: Аплицирајте за еднократна парична помош за прваче

Повик од Општина Аеродром: Аплицирајте за еднократна парична помош за прваче

Скопје, 2 јули 2025 (МИА) - Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош во висина од 3.500 денари за семејствата, чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината. Рокот за пријавување е од денеска - 2 јули до 30 септември, информираат попладнево од локалната самоуправа.

- Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година, заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид - лична карта или патна исправа на барателот, појаснуваат оттаму.

Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци, што треба да се пополнат, можат да се најдат на интернет. бд/дма/

Фото: Општина Аеродром

Остани поврзан