Повеќе од 30 луѓе загинаа во автобуска несреќа во Боливија
- Над 30 луѓе загинаа во сообраќајна несреќа во Боливија откако автобус слетал во провалија длабока речиси 800 метри

Ла Паз, 18 февруари 2025 (МИА) – Над 30 луѓе загинаа во сообраќајна несреќа во Боливија откако автобус слетал во провалија длабока речиси 800 метри.
Во несреќата повредени се 14 луѓе, од кои четири деца.
Се претпоставува дека причина за несреќата е пречекорување на брзината поради што возачот изгубил контрола над автобусот.
Во сообраќајни несреќи во Боливија секоја година гинат околу 1.400 луѓе. ми/
фото: МИА архива