• петок, 21 февруари 2025

Вучиќ за изборите во Косово: Курти не помина како што очекуваше

Вучиќ за изборите во Косово: Курти не помина како што очекуваше

Белград, 19 февруари 2025 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека ќе ги коментира резултатите од парламентарните избори во Косово дури откако ќе бидат пребројани сите гласови, но оцени дека косовскиот премиер Албин Курти со неговото движење Самоопределување „не поминал како што очекувал“.

Гласовите ги бројат само 11 дена, чекам уште 11 дена, претпоставувам дека ќе ги пребројат. Кога ќе ги пребројат сите гласови, тогаш ќе можам да коментирам, им рече српскиот претседател на новинарите по отворањето на Саемот за туризам во Белград. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан