• недела, 22 декември 2024

Општина Брвеница со повеќе активности ја одбележа Неделата на екологијата

Општина Брвеница со повеќе активности ја одбележа Неделата на екологијата

Тетово, 24 март 2023 (МИА) - Општина Брвеница изминативе два дена во рамки на „Неделата на екологијата“ реализираше повеќе активности за чистење и уредување на јавните површини, расчистување на дивите депонии и полските патишта низ нaселените места. Во рамки на активностите поставени се специјални садови за отпад од батерии во поголемите маркети низ општината.

- Заштитата на животната средина зависи од сите нас, преку правилен однос кон природните добра и постапувањето со отпадот. Веруваме дека само заеднички ќе придонесеме за поголемо ниво на чиста природна околина, и затоа апелираме до граѓаните на совесно однесување и постапување со отпадот, бидејќи здрава и чиста животна средина, значи здрав и квалитетен живот за сите нас, информираат од Општина Брвеница.

Од оваа локална самоуправа порачаа дека и во иднина ќе се продолжи во насока на обезбедување на квалитетни услови за живеење за граѓаните на општината во сите области каде што имаа надлежност.

Општина Брвеница брои 13.645 жители кои живеат во десет населени места. ас/сх/

Фото: Општина Брвеница 

Остани поврзан