Победнички старт на Ѓорческа на фјучерсот во Ираклион
- Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со триумф го стартуваше фјучерсот во грчкиот град Ираклион, совладувајќи ја денеска во првото коло квалификантката од Германија, Ана Габриќ со 2-1 во сетови (2-6, 6-2, 7-5).

Ираклион, 8 ноември 2023 (МИА) – Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со триумф го стартуваше фјучерсот во грчкиот град Ираклион, совладувајќи ја денеска во првото коло квалификантката од Германија, Ана Габриќ со 2-1 во сетови (2-6, 6-2, 7-5).
На Ѓорческа, која е трета носителка на турнирот, за пласман во второто коло ѝ беа потребни два часа и шест минути.
Двете тенисерки натпреварот го завршија со по пет двојни сервис грешки, а Ѓорческа го имаше единствениот ас на дуелот.
Утре во второто коло Ѓорческа ќе игра со победничката од пресметката домашната тенисерка Елени Кристофи и Шпанката Андреа Лазаро Гарсија.
Турнирот во Крит се игра за награден фонд од 40.000 долари. ег/ар/
ФОТО/МИА