Победникот на Мастерсот во Париз ќе добие четири пати помалку пари во споредба со 2019 година
- Организаторите на тенискиот Мастерс во Париз повторно го намалија наградниот фонд. Износот што ќе го заработат учесниците во првиот круг останува ист во споредба со претходниот пад, а промени

Париз, 30 октомври 2020 (МИА) – Организаторите на тенискиот Мастерс во Париз повторно го намалија наградниот фонд. Износот што ќе го заработат учесниците во првиот круг останува ист во споредба со претходниот пад, а промените се случија во останатите фази.
Сега шампионот ќе добие само 23% од паричната награда за 2019 година, додека финалистот - 30%.
Само за пример, во 2019 година освојувачот на трофејот заработи 995 илјади евра, додека паричната награда за 2020 година изнесува 225 илјади евра. зс/