• недела, 12 мај 2024

ПМФЛ: Шкупи го совлада Вардар во градското дерби

ПМФЛ: Шкупи го совлада Вардар во градското дерби

Скопје, 13 август 2023 (МИА) – Фудбалерите на Шкупи триумфираа попладнево против Вардар на стадионот "Борис Трајковски" во Маџари во градското дерби во рамки на 2. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Брера Струмица, Силекс и Македонија ЃП забележаа домашни победи, додека Тиквеш победи на гостувањето во Гостивар. 

Поради настапот во квалификациите за Лигата на конференции, актуелниот бранител на титулата Струга својот натпревар од ова коло на гостински терен против тетовска Шкендија ќе го одигра на 30 август.

ПМФЛ – 2. коло:

Вардар – Шкупи 0-1

Силекс – Работнички 2-0

Македонија ЃП – Брегалница 1-0

Гостивар – Тиквеш 0-3

Брера Струмица – Воска 2-0

Шкендија – Струга ТЛ (30. август). ег/аа/

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан