ПМФЛ: Силекс и Брегалница ги поделија бодовите на отворањето на 12. коло
- Силекс и Брегалница одиграа попладнево без голови во Кратово во воведниот натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Кратово, 28 октомври 2023 (МИА) – Силекс и Брегалница одиграа попладнево без голови во Кратово во воведниот натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Преостанатите пет натпревари од прволигашкото коло се на програмата утре, а лидерот Шкендија во Тетово ја пречекува Воска.
Во преостанатите натпревари, актуелниот шампион Струга е гостин на Гостивар, Вардар ја пречекува Брера, а Македонија ЃП е домаќин на Тиквеш.
Табела: Шкендија 24, Шкупи 22, Струга 21, Силекс 21, Брера 15, Брегалница 15, Тиквеш 14, Работнички 13, Македонија ЃП 11, Воска 11, Гостивар 11, Вардар 8. ег/аа/
ФОТО: ФФМ