• сабота, 05 октомври 2024

ПМФЛ: Прв пораз за Брера Струмица, Шкендија продолжува со максимален ефект

ПМФЛ: Прв пораз за Брера Струмица, Шкендија продолжува со максимален ефект

Скопје, 27 август 2023 (МИА) – Екипата на Брегалница попладнево во Штип и го нанесе првиот пораз на АП Брера Струмица во рамките на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

 

Со максимален ефект продолжува Шкендија која во Маџари го совлада Работнички со голови постигнати во судиското надополнување.

 

Резултати:
Брегалница – АП Брера Струмица 1:0
Работнички – Шкендија 1:2
Шкупи – Гостивар 3:1
Силекс – Македонија ЃП 2:2
Тиквеш – Воска 1:1

Натпреварот Струга ТЛ – Вардар е одложен поради учеството на стружани во плејофот за Конференциската лига на УЕФА.

 

Табела: Шкендија 12 бодови, Брера 12, Брегалница 9, Шкупи 8, Тиквеш 7, Силекс 6, Работнички 6, Македонија ЃП 5, Воска 4, Струга ТЛ 3, Гостивар 3, Вардар 1. зс/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан