• недела, 22 декември 2024

Пленковиќ: Милановиќ сигурно нема да биде премиер на Хрватска

Пленковиќ: Милановиќ сигурно нема да биде премиер на Хрватска

Загреб, 20 март 2024 (МИА) – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Загреб изјави дека претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ нема да биде премиер.

- Што се однесува до надлежните за спроведување на изборите, Државната изборна комисија и Уставниот суд, очекувам да се огласат. Идниот претседател на владата сигурно нема да биде тој, ние ќе го предложиме идниот мандатар, а според атмосферата што ја гледам во Хрватска, тој треба да бидам јас, рече Пленковиќ на новинарско прашање по седницата на претседателството на Хрватската демократска заедница.

Коментирајќи ја изјавата на Милановиќ дека Колинда Грабар Китаровиќ присуствувала на собири организирани од ХДЗ за време на кампањата, Пленковиќ рече дека мисли дека тоа не е точно и оти не се сеќава на тоа.

На прашањето колку пари ќе потроши за кампањата, тој рече дека секогаш се троши во законски рамки.

Милановиќ и покрај одлуката на Уставниот суд дека не може да биде кандидат на парламентарните избори, не ја отфрли таа можност. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан