• недела, 22 декември 2024

Планинарски- спортски клуб ,,Голак" реализираше маршрута до најниската планина во РСМ, Богословец

Планинарски- спортски клуб ,,Голак

Делчево, 18 февруари 2024 (МИА) – Планинари од Делчево кои се членови на Планинарскиот-спортски клуб „Голак“ ја искачија планината Богословец која е најниската планина во Република Северна Македонија. На маршот, како што информираше претседателот на клубот Љупло Чучуковски, освен планинари од Делчево учествувале и членови на клубот од Виница, како и од Софија, Р. Бугарија.

- Се искачивме на двата највисоки врвови на планината Богословец, тоа се врвовите Свети Јовански Рид 755 метри надморска висина и Тиски Врв 747 м н.в. кои всушност се најниските врвови на сите планини во државата. Исто така го посетивме и природниот феномен Ѓаволски Ѕид, рече Чучуковски.

Планинарите како што додаде биле поделени во две групи, а вкупната маршрута била долга 12 километри.

- Појдовна точка ни беше село Богословец, продолжувајќи кон месноста Св. Јовански рид каде едната група продолжи по следната патека: Месност Излот Лук, Урвалиште, природен феномен Ѓаволски Ѕид, Страшиновец и назад кон село Богословец. Другата група продолжи по месност Калиманец, Тиски Врв и назад кон село Богословец. Се работи за кружна патека во вкупна должина од 12 километри во атарот на овчеполското село Богословец, додаде Чучуковски.

Маршот како што додаде се одвивал по одлични временски услови со добра видливост на целото Овчеполие. вс/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан