• сабота, 06 јули 2024

Пијан мотоциклист запрен во Кичево, измерени 3,15 промили

Пијан мотоциклист запрен во Кичево, измерени 3,15 промили
Скопје, 28 април 2022 (МИА) - Полицијата денеска во Кичево измерила 3,15 промили алкохол кај 34-годишен возач на мотоцикл. - Денеска во 14:10 часот во Кичево од страна на полициски службеници од ОВР Кичево сопрен е мотоцикл „хамачи“, управуван од А. А. (34) од Кичево и при извршено алкотестирање измерени се 3,15 промили алкохол. Исто така, утврдено е дека не поседува возачка дозвола и мотоциклот е нерегистриран, информираат од Министерството за внатрешни работи. Лицето е исклучено од сообраќај и изречени му се соодветни санкции. аа/

Остани поврзан