• четврток, 09 јануари 2025

Писториус од Рамштајн: Доколку САД се повлечат од Контакт групата за Украина ќе донесеме нови одлуки

Писториус од Рамштајн: Доколку САД се повлечат од Контакт групата за Украина ќе донесеме нови одлуки

Берлин, 9 јануари 2025 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека редовниот собир на сојузниците во американската воена база Рамштајн, поради дискусијата за забрзување и синхронизација на испораките на оружје за Украина, најдобро ќе се продолжи под раководство на САД, но дека Групата ќе донесе нови одлуки доколку САД се повлечат од форматот.

 -Доколку тие во САД сега одлучат да не го прошируваат овој формат, тогаш ние ќе треба сами да донесеме одлуки, рече Писториус за време на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, пренесоа британските медиуми.

Писториус додаде дека е премногу рано да се шпекулира што може да се случи откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.

Формирањето на Контакт групата за одбрана на Украина, која се состои од околу 50 сојузници кои обично се состануваат на секои неколку месеци во воздухопловната база Рамштајн во Германија, беше иницирано во 2022 година од страна на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Воздухопловната база Рамштајн се наоѓа во западна Германија и е седиште на Командата на американските воздухопловни сили во Европа.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан