• вторник, 14 април 2026

Суд во Берлин осуди четворица мажи на затворски казни, набавувале оружје за Хамас

Суд во Берлин осуди четворица мажи на затворски казни, набавувале оружје за Хамас

Берлин, 25 март 2026 (МИА) - Суд во Берлин денеска осуди четворица мажи, членови на Хамас, на затворски казни од четири и пол до шест години за набавка на оружје за палестинската милитантна група, јави ДПА.

Судот утврди дека обвинетите, на возраст меѓу 36 и 58 години, дејствувале како „странски оперативци“ одговорни за складиштата за оружје на палестинската милитантна група во неколку европски земји, вклучувајќи ги Полска, Бугарија и Данска.

Мажите беа обвинети за поставување подземни складишта за оружје за потенцијална употреба во напади врз израелски и еврејски објекти во Европа во подолг период, пренесува германската агенција.

Во обвинението се наведени и можните цели, меѓу кои се израелската амбасада во Берлин, американската воздухопловна база „Рамштајн“ во Германија и областа околу напуштениот аеродром „Темпелхоф“ во Берлин.

Мажите беа приведени во декември 2023 година. Двајца се родени во Либан, еден е египетски државјанин, а другиот е холандски државјанин, потсетува ДПА.сд/ми/

Фото: МИА архива

Остани поврзан