• петок, 14 февруари 2025

Писториус: Грешка е да се остави Украина без преговори за членство во НАТО

Писториус: Грешка е да се остави Украина без преговори за членство во НАТО

Берлин, 14 февруари 2025 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп направил грешка со тоа што и дал до знаење на Украина дека во овој момент нема да има преговори за пристапување на земјата во НАТО и дека нема да има гаранции за територијална концесија, но дека е праведно барањето на американската администрација Европа да преземе поголем дел од својот одбранбен товар.

Писториус, по пристигнувањето на безбедносната конференција во Минхен, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „ниту милиметар не се поместил“ на својата преговарачката позиција за конфликтот во Украина, па затоа не е во интерес на другата страна да го стори тоа.

„Мислам дека тоа беше несмасно“, рече Писториус, коментирајќи ги потезите на американската администрација. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан