• вторник, 18 февруари 2025

Зеленски се сретна со американски сенатори во Минхен заради продолжување на соработката

Зеленски се сретна со американски сенатори во Минхен заради продолжување на соработката

Минхен, 14 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одржа разговори со 18 американски сенатори од Републиканската и Демократската партија на маргините на Минхенската безбедносна конференција, фокусирајќи се на продолжување на соработката меѓу двете земји.

„Американската воена поддршка за Украина е клучна“, се наведува во соопштението од кабинетот на Зеленски по средбата, при што се нагласува дека „тоа е единствениот начин да се постигне праведен и траен мир“.

Зеленски исто така посочи дека Украина е „подготвена да започне преговори за завршување на војната, но само со заедничка позиција на Украина, САД и Европа“.

Посебно внимание било посветено на партнерството меѓу Украина и САД, вклучително и заеднички проекти, економска соработка и развој на критични минерали и ретки суровини, стои во соопштението.

На средбата, Зеленски и сенаторите разговарале и за заострување на санкциите против Русија, како и за „користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина“.

Украина веќе речиси три години се брани од целосна руска инвазија и е силно зависна од воената поддршка на западните сојузници.

Иако Вашингтон досега беше најголем снабдувач на оружје за Киев, постои загриженост дека новата администрација на Доналд Трамп би можела значително да ја намали помошта и да ја принуди Украина на мировни преговори под неповолни услови. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан