• сабота, 06 јули 2024

Писмена изјава на претседателот на Скопски плански регион, Бобан Стефковски

Писмена изјава на претседателот на Скопски плански регион, Бобан Стефковски

Скопје, 31 август 2022

По направена координација со градоначалниците од Скопскиот плански регион она што го утврдив е дека седум скопски општини вчера беа зафатени со обилни врнежи од дожд и истите имаа настанати штети како последица од невремето.

Со жалење можам да констатирам дека ниту една владина институција нема понудено помош на ниту една општина за справување со последиците од невремето.

Како претседател на Скопскиот плански регион сакам да го истакнам своето незадоволство од целосната незаинтересираност од страна на Владата на Република Македонија во врска со вчерашното невреме, односно со последиците настанати од него.

Граѓаните и целата македонска јавност беа сведоци дека вчера попладне градоначалниците на Град Скопје и општините од Градот Скопје кој беа погодени од силното невреме беа оставени сами со своите ресурси да се справуваат со последиците.

Јасното неделување на Владата во вчерашното попладне не беше опструкција кон градоначалниците, туку директна опструкција кон граѓаните.

И покрај сите опструкции, градоначалниците на Град Скопје и општините во Градот Скопје кои беа погодени од невремето успешно, брзо и ефикасно се справија со сите проблеми настанати на терен и за неколку часа по невремето сите улици беа расчистени.

Сакам јавно да апелирам до Владата на Република Македонија да формира владин кризен штаб со преставници од сите надлежни институции за делување во време на елементарни непогоди со цел заедничко делување во интерес на граѓаните.

Бобан Стефковски - претседател на Скопски плански регион и градоначалник на општина Гази Баба

___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан