• понеделник, 13 мај 2024

Пиоли: Леао е многу добар на тренинзите, но не и на натпреварите

Пиоли: Леао е многу добар на тренинзите, но не и на натпреварите

Милано, 14 март 2023 (МИА) - Тренерот на Милан, Стефано Пиоли зборуваше за перформансите на напаѓачот Рафаел Леао.

 

- Секогаш ќе ги поддржувам моите играчи, без разлика дали работите одат добро или лошо. Леао има чудна ситуација. На тренинзите одлично се покажува, се движи многу и е активно, но тоа не се гледа на натпреварите, изјави Пиоли.

 

Леао е во Милан од 2019 година. Договорот на 23-годишниот Португалец со клубот е до јуни 2024 година.

 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 85 милиони евра.

 

Во тековната сезона Леао забележа 34 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола и 10 асистенции. зс/ 

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан