Пиоли за можната разделба со Милан: Почекајте го крајот на сезоната
- Милан ја заврши својата серија во Лига Европа кога беше исфрлен од Рома во четвртфиналето на турнирот, што неизбежно доведе до нови гласини дека клубот ќе се раздели со Стефано Пиоли на крајот од сезоната. Токму затоа, по синоќешниот пораз од „волците“ со 1:2, тренерот беше запрашан што е значењето на овој пораз за неговата иднина во Милано
Милано, 19 април 2024 (МИА) - Милан ја заврши својата серија во Лига Европа кога беше исфрлен од Рома во четвртфиналето на турнирот, што неизбежно доведе до нови гласини дека клубот ќе се раздели со Стефано Пиоли на крајот од сезоната. Токму затоа, по синоќешниот пораз од „волците“ со 1:2, тренерот беше запрашан што е значењето на овој пораз за неговата иднина во Милано.
-Бидете трпеливи и почекајте го крајот на сезоната. Дури тогаш јас и клубот ќе разговараме на оваа тема. Проценките треба да се прават само на крајот од кампањата, иако нашите резултати во Европа се полоши од минатата сезона. Останува да играме во првенството, каде што можеме да се справиме подобро од лани, одговори Пиоли.
Тој исто така беше дециден дека неговите играчи мора да покажат сосема поинаква игра на дербито со Интер во понеделник.
-Мораме да промениме многу работи во дербито. Ако одиграме како вечерва (против Рома вчера), сигурно нема да имаме шанса. Мислам дека момците се свесни за тоа. Ако на двата натпревари со Рома имавме 40 шута, а Матео Габија беше единствениот што постигна гол, тоа значи дека нема квалитет во нашата игра, додаде тренерот. дс
Фото: Архива