• недела, 22 декември 2024

Пинтер: Унгарската програма за ублажување на визите за Русите и Белорусите ги предвидува сите безбедносни проверки

Пинтер: Унгарската програма за ублажување на визите за Русите и Белорусите ги предвидува сите безбедносни проверки

Будимпешта, 21 август 2024 (МИА) - Унгарската програма за олеснување на визните ограничувања за руските и белоруските граѓани ќе ги вклучи истите безбедносни проверки низ кои поминуваат и другите дозволи за престој, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Шандор Пинтер, во писмото до шефицата за внатрешни работи на ЕУ Илви Јохансон.

Британските медиуми веќе пишуваа дека официјална Будимпешта минатиот месец ја прошири својата програма за имиграција со воведување таканаречени „национални картички“, за вклучување на Русите и Белорусите, што предизвика страв кај претставниците на ЕУ дека Русија би можела да ја искористи оваа погодност за испраќање саботери и шпиони во Шенген зоната.

На носителот на ваква картичка му е дозволено да работи во Унгарија без посебна дозвола, а може да го донесе и своето семејство, а Пинтер во писмото појаснува дека картичката ќе биде издадена во согласност со релевантната рамка на ЕУ и со разгледување на сите безбедносни ризици.

Јохансон претходно ја предупреди Унгарија дека нејзината одлука да ги олесни визните ограничувања за руските и белоруските граѓани претставува потенцијална безбедносна закана, истовремено најавувајќи дека ќе преземе мерки доколку не добие одговор на нејзината загриженост.сд/

фото:Скриншот  Википедија

Остани поврзан