Пешиќ: Србија не е само Јокиќ и Богдановиќ
- Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, се осврна на репрезентацијата и претстојниот Евробаскет.

Белград, 19 август 2025 (МИА) – Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, се осврна на репрезентацијата и претстојниот Евробаскет.
Србија се смета за главен кандидат за трофејот.
- Ние не сме само Јокиќ и Богдановиќ. Ова е тим од 10 играчи, плус Јокиќ и Богдановиќ. Ова е многу важно да се разбере. Тимот има континуитет, индивидуални квалитети на играчите. Секако, двајцата се фантастични играчи. Ниеден врвен тим не може без лидери. Но, и останатите наши кошаркари се многу квалитетни, не ги заборавајте.
Нашите главни ривали се Турција. Потоа Литванија, Летонија и Италија. Исто така, Грција, го имаат Јанис Антетокумпо, кој ги прави сите во тимот поопасни. Германија, Шпанија и Франција се исто така на листата, но им недостасуваат клучни играчи. Ќе им биде тешко без своите лидери, иако сè може да се случи ако успеат да го компензираат ова, изјави Пешиќ.
Тој смета дека по НБА и Евролигата, континенталниот собир е најдоброто нешто во однос на квалитетот на кошарката.
Евробаскет 2025 ќе с еигра од 27 август до 14 септември Кипар, Финска, Полска и Летонија.
Србија е во А-групата заедно со репрезентациите на Португалија, Естонија, Летонија, Турција, и Чешка. зс/
Фото: ЕПА