Пецаков: Системска поддршка на младите, Општината партнер на секоја младинска иницијатива
- Младите луѓе се носители на идеи и иновации. Затоа, вложувањето во нивниот развој, создавањето услови за нивно активно учество и поддршка на нивните потреби е наша морална и општествена одговорност. Тоа денеска го истакна Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид и кандидат за втор градоначалнички мандат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на пригодната свеченост организирана по повод тригодишнината од отворањето на Младинскиот центар во Охрид.
Охрид, 15 октомври 2025 (МИА) – Младите луѓе се носители на идеи и иновации. Затоа, вложувањето во нивниот развој, создавањето услови за нивно активно учество и поддршка на нивните потреби е наша морална и општествена одговорност. Тоа денеска го истакна Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид и кандидат за втор градоначалнички мандат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на пригодната свеченост организирана по повод тригодишнината од отворањето на Младинскиот центар во Охрид.
-Со отворањето на Младинскиот центар во 2022 година, направивме важен чекор за младите и за целата заедница. Покажавме дека Општина Охрид има волја и капацитет да ги стави младите во фокусот на своите политики. Овој Центар прерасна во место каде што се креираат програми, активности, иницијативи посветени на младите луѓе. Низ изминативе три години, тука се одржаа низа настани, обуки, работилници и волонтерски акции, кои го збогатија личниот развој на младите. Горди сме што Младинскиот центар стана простор каде што младите добиваат системска поддршка, преку неформално образование, информирање и советување, истакна тој.
Пецаков уште посочи дека Општина Охрид денес е препознаена како позитивен пример во државата, во делот на исполнување на своите обврски согласно Законот за младинско учество, но и за тоа што направи чекор понатаму, во креирање и имплементирање на конкретни мерки кои даваат вистинска поддршка за младите.
-Остануваме отворен партнер и поддржувач на секоја иницијатива што го унапредува младинскиот живот и создава позитивна промена. Продолжуваме понатаму да соработуваме и да ги поддржуваме младите, а во таа насока во иднина ќе биде реализиран и проектот за отворање на Младински културен центар во склоп на поранешната касарна, рече Пецаков.аб/вј/
Фото: Кирил Пецаков