Пет албански општини добија градоначалници од Социјалистичката партија
- Петте општини во Албанија, Валона, Церик, Мат, Тепелена и Берат во следните две години, до редовните локални избори во 2027 година, ќе ги раководат кандидати на владејачката Социјалистичка партија
Тирана, 10 ноември 2025 (МИА) – Петте општини во Албанија, Валона, Церик, Мат, Тепелена и Берат во следните две години, до редовните локални избори во 2027 година, ќе ги раководат кандидати на владејачката Социјалистичка партија.
Нов градоначалник на Мат е Алтин Бојни, на Берат, Ервин Цеца, на Тепелена, Грамоз Сако, на Церик Флоренц Дока. Приморскиот град Валона доби жена градоначалник, Бруна Мерсини.
Според Илирјан Целибаши, претседател на Централната изборна комисија (ЦИК), вчерашниот изборен ден минал без проблеми, но со многу ниска излезност.
-Од вкупно 334539 граѓани со право на глас гласале само 18,45 отсто од нив. Историски најниска излезност е забележана во Валона каде од 171895 лица, гласале само 12,54 отсто. Возрасната група што најмногу учествувала на овие избори се оние над 65 години, додека се забележува „напуштање“ на гласачките кутии од страна на младите луѓе, изјави Целибаши.
Во трка за петте градоначалнички функции беа 13 кандидати, пет од Социјалистичката партија, седум независни и еден кандидат за Церик од Движењето „Албанија ќе ја биде“. вт/ми/
фото: МИА архива