• понеделник, 23 декември 2024

Петрушевски: Функционерите од власта кои кријат имоти бегаат од одговорност

Петрушевски: Функционерите од власта кои кријат имоти бегаат од одговорност
26 октомври 2022

Почитувани,

Наместо извинување до граѓаните и оставки, функционерите од власта кои кријат имоти бегаат од одговорност. Со досегашните постапки нив ги штити Ковачевски и ДКСК. Институциите наместо да отворат постапки пишуваат бледи соопштенија и не преземаат никаква иницијатива.

Аферата „Тајни имоти“ опфаќа функционери именувани од Владата, а кои имаат голема партиска историја во СДС, односно држат повеќе функции во партијата. Таков е примерот со Ана Марија Павиќ која е именувана за член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил и не поднела анкетен лист, а истата е координатор на Форумот на жени во ОО Бутел и била кандидат за советник од партијата. Таа на сопствено име има луксузна лимузина Ауди А5, а остатокот од имотот е на нејзиното семејство.

Аферата „Тајни имоти“ опфаќа голем број на лица од кои зависат сложени процеси во државата и распределување на финансиски средства до граѓаните и фирмите, еден таков е Саша Максимовски, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР, и со работна позиција раководител на сектор во Владата на Република Македонија, кој не доставил анкетен лист до Антикорупциска комисија, а од она кое што ние го утврдивме на негово лично име има стан во населбата Карпош во Скопје.

По линија на претседателот на Комитетот за одобрување на инвестиции во ФИТР одат и членовите на истиот. Па така анкетен лист не поднел ниту Теди Цоневски, член на Комитетот за одобрување на инвестиции во ФИТР. Цоневски не го пријавил својот имот, кој според нашите истражувања се состои најмалку од еден стан во Горно Соње, еден стан во Кисела Вода и еден стан во Центар. Цоневски е основач и на фирмата ИНТРАТЕЛ СОФТ ДООЕЛ Скопје, која ја формирал во месец септември оваа година. А, покрај горе наведеното е и вработен во една голема телекомуникациска компанија.

Да потсетиме, преку ФИТР, каде Максимовски и Цоневски одлучуваат за грантови, се даваа грантови на луѓе блиски до СДС, буквално по принципот на измислување на топла вода.

Голем број на функционери кои имале неколку функции пред да ја извршуваат последната функција не го ажурирале својот анкетен лист и по скоро година дена. Таков е случајот со директорот на Инспекторатот за транспорт, Гајур Рушити, Ташко Дојчинов, државен правобранител за подрачјето на Гевгелија, и Васко Стефанов, директор во Пошта.

Очекуваме Ковачевски наместо да ги брани, да побара пресек од ДКСК од сите функционери кои не поднеле анкетни листови и да ги разреши, само така ќе покаже дека ова не е системска операција на власта за криење на имоти.

Доколку Ковачевски не го стори тоа, само ќе покаже дека и тој е дел од процесот за криење имоти, а можеби и тој крие имот дел од аферата „Броило“.

Бране Петрушевски, пратеник на денешната прес конференција како ги коментираат изјавите на функционерите дека не знаеле дека треба да поднесат анкетен лист посочи дека тоа што не знаеле дека требало да поднесат анкетни листови покажува дека ова што ВМРО-ДПМНЕ го изнесува јавноста е вистина. -Најпрво тоа е уште еден доказ во насока на признание дека ова што ние како ВМРО-ДПМНЕ го изнесуваме во јавноста е вистина. Втора работа е зачудувачки фактот што еден истакнат правник како што е Јевтиќ не го познава правото и законите во Република Македонија и се обидува со некакво релативизирање да ја избегне својата законска обврска да пријави имот и она што е најбитно да реагираат институциите во Република Македонија кога веќе имаме признание очекувам Државната комисија за спречување на корупција да постапи во согласност со своите надлежности, рече Петрушевски. Пратеникот Петрушевски во врска со аферата „Тајни имоти“  укажа дека очекува Ковачевски да ги разреши двајца кои што веќе признале дека не ги почитувале законите со цел да покаже дека тој не е дел од оваа афера за прикривање на имоти. -Најбитно очекувам од Ковачевски да ги разреши овие двајца кои што веќе признале дека не ги почитувале законите со цел да покаже дека ете тој не е дел од оваа афера за прикривање на имоти и дека не е соучесник од истата. Доколку не го стори тоа апсолутно фокусот во кој што треба да продолжи да истражуваат институциите ќе биде самиот премиер Ковачевски, истакна Петрушевски.
Прес-конференција на пратеникот Бране Петрушевски
  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан