Петрушевски: Една деценија од трагичните настани на 9 и 10 мај во Диво Насеље, загинаа храбри припадници на МВР
- Денеска се навршува една деценија од трагичните настани на 9 и 10 мај во Диво Насеље, во мојот роден град Куманово, кога храбри припадници на Министерството за внатрешни работи ги положија своите животи, извршувајќи ја својата должност со несебична пожртвуваност, напиша државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски на неговиот фејсбук профил.
Скопје, 9 мај 2025 (МИА) - Денеска се навршува една деценија од трагичните настани на 9 и 10 мај во Диво Насеље, во мојот роден град Куманово, кога храбри припадници на Министерството за внатрешни работи ги положија своите животи, извршувајќи ја својата должност со несебична пожртвуваност, напиша државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски на неговиот фејсбук профил.

- Како државен секретар во МВР, изразувам длабока почит кон нашите паднати херои. Нивната храброст и саможртва се вградени во темелите на безбедноста на Македонија. Вечна им слава и длабок наклон пред нивното дело. Нека нивната жртва биде вечен потсетник за значењето на мирот, стабилноста и достоинствената служба кон татковината, објави Петрушевски на Фејсбук. цр/лв/
Фото: ФБ на државниот секретар во МВР