• недела, 22 декември 2024

Петровска: Една третина од одбранбениот буџет од рекордни 275 милиони евра е наменет за модернизација на Армијата

Петровска: Една третина од одбранбениот буџет од рекордни 275 милиони евра е наменет за модернизација на Армијата

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Една третина од одбранбениот буџет кој годинава изнесува рекордни 275 милиони евра е наменет за модернизација на Армијата, информира денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Министерката откако претходно одржа брифинг со новинарите на кој детално го претстави проектот, одржа прес – конференција во касарната „Илинден“ во Скопје на која соопшти дека министерството набавува оклопни возила од типот  JLTV Oshkosh,“. Појасни дека дел се веќе пристигнати, дел ќе пристигнуваат во повеќе наврати, како и набавка на оклопни транспортери Stryker и француски систем за против воздушна одбрана за мали височини MISTRAL 3.

Додаде дека е потпишан и договорот за набавка на артилериски системи од сојузничка Турција. Два транспортни хеликоптери на Армијата МИ-8 кои се се во фаза на ремонтирање во соработка со Чешка. 

-Модернизацијата за која детално бевте информирани и од началникот од ГШ, и од директорот на ГШ, опфаќа неколку повеќе годишни проекти кои целосно го менуваат ликот на Армијата. Велиме дека Армијата е во НАТО, меѓутоа и НАТО со своите стандарди, најмодерна и најсофистицирана опрема влегува во Армијата. Како што информирав и на брифингот, во пред завршна фаза сме на анализа за набавка на осум повеќенаменски хеликоптери за што се пристигнати пет понуди од различни земји, посочи Петровска.

Истакна дека набавките ќе бидат согласно принципот договор на влада со влада, како гаранција дека договорите ќе се ослободени од сомнеж по било кој сонов вклучително и сомнежот за корупција. 

Петровска смета дека во Армијата нема место за опрема која е произведена во 1984 година и која со години стои само како бројка, а како што посочи таа всушност е со истечен ресурс, бидејќи Армијата е во фаза на модернизација и опремување со најсофистицирано оружје.

Одговорајќи на новинарско прашање дали со ребалансот на буџетот постои ризик одредени проекти да бидат загрозени, министерката посочи дека на никаков начин нема да може да се направат отстапки за она што е започнато како проект, особено кога се работи за гарантирањето на безбедноста на државата.

Кога станува збор за задржување на кадрите, таа увери дека Министерството се залага за креирање услови за Армијата.

-За да имаме целосна одбрана и функционална армија два аспекта се важни модернозацијата која ја зборувавме но и вложувањето во човечкиот капитал, тоа треба да оди едно со друго. Минатата година ги донесовме измените на Закон за служба во Армијата со кој навистина предвидовме голем број, јас не би ги нарекла привилегии, но подобрување на условите и издигнување на едно повисоко ниво на припадниците на Армијата. Во рамки на тој закон предвидена е и можноста за утврдување на критични спрецијалности. Тоа се професии кои се во недостаток во армијата или определени работни места за кои по предлог на Генералштабот министерството носи одлука за утврдувањље на соодветни дополнителни надоместоци и на плати, но и на други услови во смисла на обуки и тренинзи со кои обезбедуваме поволна почва за задржување на кадарот, изјави министерката.

Додаде дека воедно министерството истото го планира и со новиот закон за вработени во министерството кој е во финална фаза.

Во однос на последната одлука за донација на 12 борбени хеликоптери за што Владата донесе одлука пред два дена таа рече дека сите досегашни донации се одобрени врз основа на мислење на стручното тело ГШ на Армијата, и во согласност со предвидените стратешки планови и долгорочниот план за развој на одбранбените способности.  

-Армијата се модернизира и опремува со најсофистицирано вооружување, и затоа во нејзиниот состав нема место за опрема која е произведена во 1984 година. Борбената готовност не се намалува на никаков начин, напротив со сите овие процеси од кои ги гледаме резултатите таа станува посилна и по опремена во гарантирањето на безбедноста на секој граѓанин на Северна Македонија. Решивме да бидеме и ефикасни и прагматични, да ја донираме опремата што е согласно трансформацијата и формацијата не ни е потребна, и доколку не го сториме тоа за одреден период ќе мора да платиме за да ја уништиме. А ја дониравме онаму каде што е најпотребна. Во одбрана на земја која е брутално нападната.  Северна Македонија на овој начин го зацврстува својот углед, својата позиција како сојузник кој нуди не само декларативна, туку и реална поддршка во почитувањето на меѓународните принципи и норми, изјави министерката.

Додаде дека сојузниците го препознале потенцијалот кој државава го нуди како партнер, а како резултат на тоа за една година одобриле и го поддржале токму опремувањето и модернизацијата на македонската Армија со над 135 милиони долари.

Генералот Симоновски запрашан за тоа дали Армијата ги поддржува донациите за Украина, истакна дека донациите се всушност стара и нефункционална опрема.

-Во целост стојам позади одлуките кои ги имаме донесено како генералштаб и предложено на Министерството, апсолутно со ништо никогаш не е нарушена борбената готровност на нашата Армија, впрочем се ослободивме од старо, неперспективно и нефункционално а од друга страна значително ја подобруваме и модернизираме Армијата, оцени Симоновски. свс/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан