• четврток, 09 мај 2024

Петровска во посета на компанијата „Актива“ во Штип, компанија која е регистрирана за учество на пазарот на НАТО

Петровска во посета на компанијата „Актива“ во Штип, компанија која е регистрирана за учество на пазарот на НАТО

Скопје, 8 април 2024 (МИА) – Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе ја посети компанијата „Актива“ во Штип, која од крајот на февруари е внесена во евиденцијата на економски оператори од Северна Македонија кои можат да учествуваат на тендерите на НАТО. 

Со членството во НАТО, како што информира Министерството за одбрана, македонските компании добија можност за пристап до пазарот на Алијансата.

Министерството за одбрана оформи Центар за поддршка на компаниите чија основна цел е да ги води компаниите во процесот на евидентирање на економски оператори, со што се отвора пристапот до пазарот на НАТО. Досега 44 компании, вклучувајќи ја и компанијата „Актива“ се внесени во овој регистар и можат да учествуваат на тендерите на Алијансата. ра/мд/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан