• понеделник, 13 мај 2024

Петрески од Струга: Поголеми права за работниците и подобри услови за работа

Петрески од Струга: Поголеми права за работниците и подобри услови за работа

Струга, 21 април 2024 (МИА) - Поголеми права за работниците и подобри услови за работа, вети носителот на листата во петтата Изборната единица на Работничката партија Лубе Петрески денеска од Струга.

Барајќи ја довербата од граѓаните на претстојните парламентарни избори, тој рече дека ќе се залагаат за едностран раскин на Преспанскиот и Бугарскиот договор, отповикување на Рамковниот договор, како и поништување на законите за двојазичност и територијална поделба.

- Едностран раскин на Преспанскиот и Бугарскиот договор што повлекува и враќаење на вековното име. Зарем има некој што сака државата да му се вика Северна, освен политичарите од СДСМ што го сменија вековното име, изјави Петрески.

Вети и дека неговата партија ќе се залага и за укинување на Болоњскиот образовен систем, кој, според него, продуцира интелектуален кич.

Петрески посочи дека меѓу другото ќе се залагаат и за отстапување од членството во НАТО и прекин на преговорите со Европската унија. сс/са/

Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан