• вторник, 16 април 2024

Претседателот Пендаровски ќе одржи прес-конференција

Претседателот Пендаровски ќе одржи прес-конференција

Скопје, 1 март 2024 (МИА)  - Претседателот Стево Пендаровски денеска напладне ќе одржи прес-конференција во Скопје. 

Кабинетот на претседателот соопшти дека прес-конференцијата ќе се одржи во хотел „Дабл Три Хилтон“, но не сподели информација за темата. 

Извршниот одбор на СДСМ завчера на состанок го поддржа Пендаровски за кандидат за Претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата.

-Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност. Тоа е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата, информираа од СДСМ.

Се очекува Пендаровски да биде промовиран официјално за претседателски кандидат на СДСМ на Конгресот на партијата закажан в недела.лв/са/

фото:МИА архива 

 

Остани поврзан