• четврток, 21 ноември 2024

Петмина рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Кенија

Петмина рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Кенија

Најроби, 25 мај 2024 (МИА) - Петмина рудари загинаа при уривање на илегален рудник за злато во северна Кенија, соопшти денеска полицијата.

Во соопштението се вели дека лизгање на земјиштето е причина за уривањето на рудникот во областа Дабел, во близина на границата со Етиопија. Други рудари не се пронајдени и не се знае дали бројот на загинатите е конечен.

Уште во март, кенискиот министер за внатрешни работи Китур Киндики ги забрани рударските активности во областа бидејќи судирите меѓу нелегалните рудари доведоа до смрт на седум лица.

Тамошните рударски активности се опишани како противзаконски бидејќи не е направена проценка на влијанието врз животната средина, а тунелите се слаби и пред уништување. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан