• четврток, 24 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Песков: Русија нема да се меша во спорот меѓу Трамп и Маск

Песков: Русија нема да се меша во спорот меѓу Трамп и Маск

Москва, 6 јуни 2025 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија нема намера да се меша во спорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и најбогатиот човек во светот Илон Маск.

- Овој конфликт е внатрешна работа на САД. Нема да се мешаме ниту да коментираме, рече Песков на прес-конференција, додавајќи дека е уверен оти Трамп ќе ја реши ситуацијата.

Според Политико, Трамп и неговите соработници навестиле можна деескалација на тензиите со Маск. Во интервју за Политико, Трамп изјави дека не е загрижен за несогласувањата и дека „сè е во ред“. Белата куќа соопшти дека за денеска е закажан телефонски разговор меѓу Трамп и Маск во обид да ги решат несогласувањата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан