Песков потврди дека Виткоф пристигнал во Русија
- Специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стивен Виткоф пристигна во Русија, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Москва, 11 април 2025 (МИА) – Специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стивен Виткоф пристигна во Русија, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Да, потврдувам, тој навистина пристигна, изјави Песков.
Тој додаде дека Кремљ навремено ќе обезбеди информации доколку рускиот претседател Владимир Путин се сретне со Виткоф.
Како што јави службата за следење „Флајтрадар“, авионот на Виткоф слетал во Санкт Петербург околу 10 часот по московско време.
Доколку се сретне со Путин, тоа ќе биде трета средба меѓу Виткоф и рускиот претседател, додека Трамп се обидува да постигне примирје во војната меѓу Русија и Украина.
Виткоф минтата недела беше домаќин на пратеникот на Путин Кирил Дмитриев во Вашингтон во обид да се надмине ќор-сокакот во преговорите за војната во Украина. јт/
Фото: МИА архива