• недела, 22 декември 2024

Перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Во МКЦ денеска и утре ќе биде изведен перформансот „Мачката Елеонора“. Перформансот е развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. Перформансот имаше две распродадени изведби на минатогодишното издание на фестивалот МОТ.

Перформансот „Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи.

-Таа нуди мноштво инспиративни, смели, но и предизвикувачки решенија и одговори за патот кон трансформацијата и предизвиците поврзани со чинот на отфрлање на светот во име на радикалната самоопределба. Колективот ги разработува овие процеси не само преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо, туку и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки, информираат од Тииииит! Инк. – Скопје.

Колективот составен од Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Лазарус, ги разработува овие процеси преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки.

Перформансот „Мачката Елеонора“ е продукција на Тииииит! Инк. – Скопје, со финансиска поддршка од The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на Република Северна Македонија.фф/мд/

Фото: Тииииит! Инк. - Скопје

Остани поврзан