• петок, 05 декември 2025

Перу ја прогласи претседателката на Мексико, Шајнбаум за „персона нон грата“

Перу ја прогласи претседателката на Мексико, Шајнбаум за „персона нон грата“

Лима, 7 ноември 2025 (МИА) – Конгресот на Перу ја прогласи претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум за „персона нон грата“, неколку дена откако нејзината Влада ги прекина дипломатските односи со Мексико, кое ѝ додели азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавез.

Чавез беше премиерка за време на мандатот на соборениот и затворен поранешен претседател Педро Кастиљо, а Перу ги прекина дипломатските односи откако таа се засолни во Амбасадата на Мексико во Лима за да побара азил.

Владата на Мексико тврди дека азилот е во согласност со меѓународното право, а Перу дека е непријателски чин.

Односите помеѓу Перу и Мексико се нарушени од 2022 година, кога Мексико им додели азил на сопругата и децата на Кастиљо по неговото апсење. Кастиљо, кој во тоа време се обиде да го распушти Конгресот, чека пресуда.

Додека Чавез е обвинета за заговор за нејзината наводна улога во обидот за распуштање на Конгресот и се соочува со казна затвор до 25 години. Таа беше во притвор од јуни 2023 до септември 2025 година. Судскиот процес против неа е во тек. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан