Перез: Анчелоти има договор со нас и ние сме среќни
- Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одговори на прашањето за можното заминување на тренерот Карло Анчелоти.
Мадрид, 7 мај 2023 (МИА) - Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одговори на прашањето за можното заминување на тренерот Карло Анчелоти.
- Не сакам повеќе да слушам за тоа, тој има договор и ние сме среќни, го цитира Перез „Marca“.
Претходно Анчелоти изјави дека ќе работи во клубот до крајот на договорот, доколку во клубот се задоволни од него.
Шеесет и тригодишниот Италијанец е предводник на Реал Мадрид од 2021 година. Неговиот договор со „Кралевите“ е со важност до крајот на следната сезона. зс/
Фото: ЕПА