Пентагон ќе испрати уште 3.000 активни војници на границата меѓу САД и Мексико, соопштија американски официјални претставници
- Пентагон ќе испрати уште околу 3.000 активни војници на американско-мексиканската граница, објавија денеска американските власти.

Вашингтон, 2 март 2025 (МИА) - Пентагон ќе испрати уште околу 3.000 активни војници на американско-мексиканската граница, соопштија синоќа американски официјални претставници.
Министерот за одбрана Пит Хегсет нареди ангажирање елементи на борбениот тим на бригадата Страјкер и баталјонот за општа поддршка на авијацијата за мисијата, соопшти Пентагон.
Силите во наредните недели ќе стигнат до границата долга речиси 3.200 километри. рп/
Фото: МИА архива